Марио Балотели кој има 35 години, ќе договори со Ал-Итифак од Дубаи, тим кој игра во втората лига во Обединетите Арапски Емирати. Ова ќе биде неговиот десетти трансфер во последните десет години.
Балотели повеќе од една година нема играно. Последниот настап му беше на 21-ви декември 2024 година, кога влезе како замена за Џенова во натпревар од Серија А против Наполи.
Последнава деценија Бало талка низ фудбалскиот свет. Играше во повеќе земји.
Десетте трансфери на Балотели во последните 10 години:
2015/16 — Милан
2016/18 — Ница
2018/19 (зима) – Олимпик Марсеј
2019/20 — Бреша
2020/21 — Монца
2021/22 — Адана Демирспор (прва етапа)
2022/23 — ФК Сион
2023/24 — Адана Демирспор (втора етапа)
2024/25 — Џенова
2026 — Ал-Итифак

