Ова не е Аргентина, а бурно се слави успехот на Мундијалот (Видео)

Популарните Лавови од планината Атлас, како што е прекарот на репрезентацијата на Мароко, се врати дома по Мундијалот во Катар и беше свечено дочекана од Кралот и многу навивачи низ улиците.

Мароканците станаа првата африканска селекција која стигнала до полуфинале на Светско првенство во фудбал и тој историски потфат заслужено се славеше.

Иако светската јавност е фокусирана кон она што се случува во Буенос Аирес во Аргентина, каде што има милиони луѓе на улиците, сепак и ова во Рабат вреди да се пофали.

https://www.youtube.com/watch?v=xAtJiAvawG4

 

- Оглас -

Најнови вести