Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер објави дека голманот Саид Хаидарирад ја обновил повредата која ја здоби на турнирот во Охрид и има парцијална руптура на задната ложа.
Од клубот не кажаа колку долго популарниот Нинџа ќе биде во аут, само му посакаа брзо враќање на терените. При вакви повреди, паузата обично е минимум еден месец.
Во наредниот период, голот на македонскиот првак во ЛШ и домашното првенство ќе го бранат Никола Митревски и Давид Брестовац.