Дуелот меѓу Карагумрук и Коњаспор во Турскиот фудбалски куп беше најдраматичниот меч одигран вчера во Европа. Домаќините победија со 5:4, и тоа дури по 120 минути игра.
Освен деветте погодоци, мечот го одбележа и ладното време. Се играше на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, а во текот на целиот меч врнеше дожд и дуваше силен ветер. Во едни такви услови, фудбалерите беа мокри „од глава до пети“, а најлошо им беше на голманите, кои не трчаат за да може да го загреат телото.
Во еден момент од продолжението, голманот на домаќините, Емилијано Вивијано, не можеше да го сопре неговото тело да престане да се тресе од што му е ладно.
https://twitter.com/i/status/1491096623035920388
Од фудбалски аспект, дуелот беше неверојатен. Домаќините поведоа со 1:0, потоа Коњаспор даде два гола, а на полувреме се замина со 2:2. Во вториот дел Коњаспор поведе со 3:2, па следуваа два погодоци на Карагумрук за 4:3, а во 87-мата минута гостите израмнија на 4:4.
Во дополнителните 30 минути, Карагумрук со погодокт на Мор во 101-вата минута стигнаа до победа од 5:4 и пласман во четвртфиналето на Купот на Турција.