Лајпциг без многу проблеми со 4:1 ја победи Борусија Менхенгладбах, во меч од 15. коло на Бундеслигата. И покрај тоа што домаќините дадоа четири погодоци, моментот на мечот го имаше напаѓачот Андре Силва, кој се посрамоти.
При резултат 2:0, Силва доби една топка и се најде сам пред празниот гол на гостите. Наместо да ја погоди празната мрежа, Силва шутираше високо и ја погоди пречката на изненадување на сите.