Ова не е видено во НБА цели 34 години

Лука Дончиќ од Далас маверикс и Тре Јанг од Атланта хокс се двајцата кошаркари кои добија максимален број гласови во изборот на идеалната дебитантска петорка во НБА-лигата. Ова најверојатно значи дека еден од нив ќе биде и дебитант на сезоната. Дончиќ е најефикасен меѓу новаците во лигата со просек од 21,2 поени, а зад него беше Јанг со 19,1.

Во најдобрата дебитантска петорка, покрај Дончиќ и Јанг, се најдоа уште Деандре Ајтон од Феникс санс, Марвин Бегли од Сакраменто кингс и Џарен Џексон од Мемфис гризлис.

Вистински куриозитет е тоа што овие петмина беа први пет пика на ланскиот драфт. Според некои податоци, последен пат во идеалната дебитантска петорка учествувале петте први пика во далечната 1985 година. Тогаш петорката беше феноменална: Хаким Олајџувон, Сем Боуви, Мајкл Џордан, Сем Перкинс и Чарлс Баркли.

- Оглас -

Најнови вести