Не е за верување: Реал Мадрид игра за трофеј, а само 20 отсто му даваат шанси дека ќе победи

Новото коло на Спортска прогноза е навистина посебно. На понудата се шпанското Ел Класико, аргентинското Супер Класико, како и дербито меѓу Интер и Рома во Серија А.

Барселона и Реал Мадрид ќе играат во финалето од Купот на Шпанија, а прогнозерите треба да типуваат како ќе заврши средбата по регуларните 90 минути. Во една таква ситуација, неверојатно е дека само 20 отсто очекуваат Реал Мадрид да победи во основниот дел од средбата. Над 55 отсто чекаат Барселона да слави на неутралниот терен во Севилја.

Во Аргентина, Ривер плата е домаќин на Бока јуниорс, а речиси 55 отсто веруваат во победа на домаќинот. Помалку од 10 отсто чекаат „двојка“, односно Бока да се израдува на теренот на најголемиот ривал.

Освен ова јужноамериканско дерби, во понудата сите останати мечеви се од Топ 5 лигите и предизвик за сите прогнозери е да се обидат да погодат Среќна 13-ка. Прогнозерот кој ќе успее да ги погоди сите 13 фиксови ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).
Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари, а тој со 11 погодени фиксови ќе си добие ваучер од 500 денари во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести