Манчестер јунајтед испиша историја како прва екипа која успеала да оствари четири последователни победи во Премиер лигата со три или повеќе гола разлика. Црвените ѓаволи триумфот од 3-0 на гостувањето кај Астон вила го надоврзаа на победите против Шефилд и Брајтон од 3-0, како и против Борнмут од 5-2.
Младиот Мејсон Гринвуд повторно се запиша во листата на стрелците, тој е само четврт тинејџер кој реализирал барем еден гол во три меча во низа во Премиер лигата. Гринвуд зголеми 2-0 во судиското надополнување, откако претходно Бруно Фернандеш беше прецизен од белата точка.
https://twitter.com/Opalesccence/status/1281326014317166597
Избраниците на Оле Гунар Солскјер беа доминантни и во вториот дел и можеа да слават многу поубедливо, а конечниот резултат го постави Пол Погба во 58-мата минута со одличен гол од далечина.
https://twitter.com/_FootballTV/status/1281326460628803593
Јунајтед со победата остана на петтото место на табелата, но со 58 бода заостанува само еден бод зад четвртото место и Лестер, односно два бода зад третопласираниот Челзи. Астон вила, пак, и натаму е без триумф по продолжувањето на сезоната на 19-тото место со 27 бода.