Килијан Мбапе го немаше на терен кога француската репрезентација го започна денешниот тренинг на малиот стадион во Падерборн, но ѕвездата на Триколорите која има скршеница на носот здобиена во понеделникот на дуелот против Австрија, подоцна се појави и тренираше одвоено од остатокот од тимот.
Носот на Мбапе му беше покриен со завој, и тој трчаше по теренот со кондицискиот тренер Сирил Моан.
Франција се соочува со Холандија во Лајпциг в петок. Најавите се дека Мбапе нема да игра, но после ова, којзнае, можеби и можно е чудо и тој да се појави со маска на лицето.