Каспер Руд е последниот полуфиналист на „Ролан Гарос“ откако за 3 часа и 18 минути игра во четири сета го победи Данецот Руне, па утре Норвежанецот ќе има дуел со Хрватот Марин Чилиќ за влез во финалето.
Пласманот на Чилиќ и Руд во оваа фаза е изненадување, но со игрите и резултатите заслужија да се борат за влез во големото финале. Чилиќ ги елиминира Русите Медведев и Рубљов, а Руд, кој е осми носител, нема играно против топ 10 играч на „Ролан Гарос“ и е најдобро рангиран Норвежанец во историјата.
На Руд најголем успех досега на гренслемите му беше осминафинале. Тој има 2-0 во меѓусебните дуели со Чилиќ. И Чилиќ првпат игра полуфинале во Париз, досега врв му беше третото коло.