Многу интересен кадар се појави од вчерашното премиерлигашко дерби во кое Ливерпул на „Олд Трафорд“ го понижи Манчестер јунајтед со преубедливи 5-0. Големата ѕвезда на Црвените, Мохамед Салах, реализираше историски хет-трик, а хит стана една реакција на Кристијано Роналдо по еден од головите на египетскиот напаѓач.
Португалецот видно изнервиран почна да мафта со рацете обидувајќи се да им објасни на своите соиграчи кој како што се движел и каде што требало да се движи. Тие тешко дека го разбраа, но потегот на Роналдо стана хит на социјалните мрежи.
Погледнете ја реакцијата на Кристијано: