Фудбалска доминација има во денешната понуда на Супер типот. Тоа е и разбирливо ако се знае дека вечерва ќе се одиграат многу натпревари во Лигата на Европа и во Конференциската лига на УЕФА. Единствено „штрчи“ една кошарка – дуелот меѓу Партизан и Милано во Евролига. За победа на Партизан зголемената квота е 1.73.
Тоа што е интересно е дека дури на 13 од вкупно 15 понудени фудбалски средби се зголемени фиксовите за победа на домаќините. Само две екипи се сметаат како фаворити на гостински терен и тоа се Бетис, кој ќе гостува кај Лудогорец, односно Штутгарт, кој ќе игра на теренот на Базел.
За победа на Рома на „Олимпико“ во Рим против Лил, квотата е зголемена на 1.82. Селтик да ја победи Брага е точно со коефициент два, а Порто е фаворит против Црвена ѕвезда и „кецот“ е 1.58.
Зголемени квоти има и за победи на Фиорентина, Лозана, Лион, Фенербахче…