7.8 C
Skopje
вторник, 10 февруари 2026

Ова не се случило 74 години, влегоа од втора лига, а итаат кон титулата

Во швајцарското првенство се случува една вистинска фудбалска бајка, а главен креатор е екипата на Тун. Тоа е клубот кој минатата сезона играше во втората лига на Швајцарија, но беше најдобар и се избори за место во елитното друштво.

Не само што влезе во Суперлигата, и тоа по пауза од пет години, Тун игра блескаво и по 23 одиграни кола е убедлив лидер на табелата со 53 бода. Дури 11 бода помалку од Тун има второпласираниот тим на Лугано, додека Сент Гален, Базел и Сион заостануваат уште повеќе.

Традицијата вели дека од сезоната 2003/04 ниедна екипа не испуштила ваква предност во овој дел од сезоната. Пресметките велат дека Тун има 75 отсто шанси да биде првак на крајот. Тоа е тимот кој постигна најмногу голови, а ја има и една од најдобрите одбрани, па јасно е зошто е лидер на табелата.

Во швајцарското првенство повеќе од 70 години не се случил подвиг тим којшто бил во втората лига и влегол во елитното друштво, уште во првата сезона да биде и шампион. Последен пат тоа било во 1952 година, а подвигот тогаш го направи тимот на Грасхоперс.

До крајот на првенството во Швајцарија остануваат уште 16 кола.

- Оглас -

Најнови вести