Низ историјата на фудбалот многу трансфери не биле реализирани поради лекарските прегледи, но тоа што се случи во финишот на овој преоден рок е нешто што не се памети.
Во последните часови од преодниот рок во Англија, премиерлигашот Фулам требаше да комплетира еден договор за кој се веруваше дека е среден. Се работи за играчот од Гана, Ернест Нуамбах, кој минатата сезона со успех настапуваше во тимот на Олимпик Лион.
Елитниот француски весник „Лекип“ откриваат што се случило во обидот Нуамбах да биде продаден во Фулам. Било договорено за трансфер од 19 милиони евра Ернест да замине од Лион во Фулам и работата беше пред завршница.
Требаше само фудбалерот да ги помине лекарските прегледи, но тогаш Нуамбах со солзи во очите буквално избегал од лекарските прегледи, покажувајќи дека не сака да прави трансфер во Англија.
Фудбалерот избегал, а потоа ниту неговиот агент не успеал да го најде. Подоцна, газдата на Лион му се извинил на играчот затоа што сакал да го продаде без тој да сака да си замине.