Поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, кој работи како советник на сопствениците на клубот Милан, го коментираше отказот на главниот тренер Пауло Фонсека кој беше под емоции после ремито со Рома и на прес-конференција самиот им кажа на новинарите дека е разрешен.
„Сакам да му се заблагодарам на Фонсека за неговиот професионализам за време на неговиот престој во Милан. Причина за отказот? Не ги постигнавме резултатите што ги очекувавме. Кога сте во Милан, резултатите се најважни. Одлуката ја донесовме по натпреварот со Рома. Згрешивме што му дозволивме на Фонсека да присуствува на прес-конференцијата. Му се извинуваме на Пауло и на навивачите на Милан“, изјави Ибрахимовиќ.
Ибра вели дека го разбира незадоволството на навивачите, и дека трофејот во Суперкупот на Италија е една од целите на Милан.