Најдобриот фудбалер на светот за 2023 година во изборот на ФИФА, Лионел Меси, иако кратко време е во Мајами, веќе се навикнува на новата средина. Тој е фотографиран како со семејството пазари во еден супермаркет во убавиот град на југот на Флорида.
Меси се подготвува за спектакуларното претставување кое ќе му биде направено во Интер Мајами, а во продавницата некои љубители на фудбалот го препознаа, па сакаа да се фотографираат со него. Релаксираниот Меси не ги одбиваше.
Меси вечерва треба да го потпише договорот кој ќе биде на три години, в недела ќе биде претставен, в понеделник ќе има прес-конференција, а во вторник тимот ќе има отворен тренинг на кој сите заинтересирани ќе може да го видат и сликаат Меси во дресот на Интер Мајами.
Дебито се очекува да го има на 21 јули против мексикански Крус Азул. Во Мајами се зборува и англиски и шпански, што им ја олеснува адаптацијата на Лео и семејството во новата средина, каде треба да живеат барем три години.