25.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Ова не сте го виделе досега – Тренер на нисколигаш во Шпанија намерно спречи контра на својот тим (ВИДЕО)

На еден од нисколигашките натпревари во Шпанија викендов се случуваше вистински хаос на теренот откако беше видена една од најневеројатните сцени.

На средбата меѓу Вилануева дељ пардиљо и Колменеар Валехо во самата завршница настана голема мешаница откако домаќините во 90-тата минута имаа потенцијален контранапад при резултат 1:1.

Но, следува неверојатен момент кога асистентот токму на домаќините влезе на теренот и ја сопре топката, при што доби црвен картон и веднаш се упати кон соблекувалната.

Следеше вистински хаос од домашниот тим и навивачите, а ние претпоставуваме дека оваа средба ја има одиграно икс, па затоа не сакаше да ризикува.

- Оглас -

Најнови вести