Фудбалска доминација зачинета со тениски и хокеј дуели се дел од денешната понуда во Супер типот во Sport Life. Еден од најзвучните дуели кои се играат денеска е полуфиналето на Светското клупско првенство меѓу бразилскиот Фламенго и Ал-Хилал од Саудиска Арабија. Фламенго како шампион на Јужна Америка е голем фаворит, а за победа на Бразилците квотата е 1.60.
Јувентус гостува кај Салернитана, а малку неверојатно е дека ова е дуел на две екипи кои се во опасност да испаднат. Старата дама откако беше казнета со 15 бода, влезе во криза и со резултатите, па сега едноставно мора да победи. За „двојка“ на овој дуел, квотата е одлична и изнесува 1.72.