Ова нема да им се допадне во Атина: Ракометар на АЕК се фотографираше со македонскиот национален симбол (Фото)

Екипата на АЕК од Атина предизвика голем скандал со неодигрувањето на финалниот реванш-меч од Европскиот ракометен куп. и тоа по барање на нивните навивачи, кои во Македонија пристигнале во поголема бројка од договорените 200 билети.

Сепак, ракометарите на АЕК сакале да го одиграат мечот, но не им било дозволено, а еден од нив, Адама Кеита, дури и се фотографираше со македонските навивачи, и тоа држејќи го националниот симбол со шеснаесетзрачната ѕвезда од Кутлеш. Симболот кој до 1995 година беше и државно знаме на Македонија, а беше променето на барање токму на Грција може да му направи проблеми на Кеита во Атина, но со оглед на тоа дека се работи за странски ракометар, веројатно овој потег го направи несвесно, без да знае што претставува за Македонија шеснаесетзрачната ѕвезда од Кутлеш, но и за македонско-грчките односи.

- Оглас -

Најнови вести