Фулам има водство од 3-1 по првото полувреме против Ливерпул, а дополнително шокантен е начинот на кој Црвените се најдоа во ваква негатива.
Ливерпул поведе со гол на Мекалистер во 14-та минута и на повидок беше нов рутински триумф на лидерот на табелата. Но, од 23-та до 37-ма минута домашните постигнаа дури три гола за пресврт и убаво водство од два гола разлика.
Ливерпул засега нема ниту еден гостински пораз сезонава, и таа серија е под закана да биде прекината. Последен пат кога примија три гола во прво полувреме во Премиер лигата беше уште во октомври 2020 година кога беа уништени од Астон Вила со 2-7, а ова е првпат во историјата Ливерпул да прими три гола во прво полувреме на лигашки меч на кој повел со 1-0.