Јасно е дека Лионел Меси е на залезот на кариерата, но најавите се дека има време за уште еден трансфер. Повеќе од 20 години трае професионалната кариера на Аргентинецот кој постави многу реорди кои можеби никогаш нема да бидат срушени.
По блескавите игри во дресот на Барселона и Пари Сен Жермен, Меси реши да си замине од Европа и потпиша за Интер Мајами. Многумина веруваа дека Интер ќе биде последниот клуб на Меси во играчката кариера, но денеска пристигнаа нови информации.
Аргентинските медиуми тврдат дека Меси одлучил во декември да ја заврши авантурата во Интер Мајами и да се пресели во тимот на Нуел Олд Бојс. Тоа е екипата во која аргентинскиот виртуоз ја започна кариерата како дете, пред да замине во Барселона на 13-годишна возраст.
: Leo Messi has decided to join his childhood club Newell’s in December – Pending confirmation.
— @FlavioAzzaro pic.twitter.com/WHZz8AhVBK
— The Touchline | Football Coverage (@TouchlineX) June 4, 2025