Ова ниту еден навивач на Реал Мадрид не сакаше да го види (Видео)

Најскапото засилување на Реал Мадрид од летоска, Еден Азар, денеска после мечот со Еспањол беше снимен како си оди од „Сантијаго Бернабеу“, но со помош на патерици.

Повредата на десното стапало Азар не е за потценување, се покажа дека има и мини-скршеница, па тој нема да игра уште еден месец, ќе го пропушти и гостувањето кај Барселона на 18 декември.

Белгиецот сезонава веќе пропушти девет меча поради повреда, а кога почна да влегува во препознатливата форма, му се случи овој малер, предизвикан од старт на неговиот сонародник Муние од ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести