Натпреварот од женската прва лига во САД помеѓу Портланд торнс и Ејнџел сити заврши 3-3, а домашниот тим од пораз се спаси дури во седмата минута од судиското продолжение, и тоа со гол на најмалку очекуван стрелец, голманката на Портланд.
Не само што голманката Бела Биксби даде гол со кој на својот тим му донесе бод, туку и погодокот беше ептен атрактивен, со пета, нешто што ретко се гледа особено од некој што е задолжен за чување на својата мрежа.

