Ова ретко се гледа: Ливерпул и Челзи имаат идентични резултати во првите пет кола

По првите пет кола во Премиер лигата, само Ливерпул, Челзи и Манчестер јунајтед немаат пораз и со по 13 бодови се најдобри. Манчестер јунајтед сепак е зад големите ривали, додека Ливерпул и Челзи имаат иста гол-разлика.

Не само што имаат иста гол-разлика, туку Челзи и Ливерпул во првите пет кола имаа и целосно исти резултати. Во првото коло двата тима победија со по 3:0, а потоа во второто коло славеа со по 2:0.

Во третото коло играа меѓу себе и резултатот беше 1:1, а потоа следуваат уште две идентични победи. Во четвртото коло славеа со по 3:0, а исти резултати имаа и изминатиов викенд.

Во следното коло Челзи игра против Манчестер сити дома, додека Ливерпул на гости ќе игра против Брантфорд, но претходно ги очекуваат дуелите од Лига купот.

 

- Оглас -

Најнови вести