Ова ретко се гледа: Сите пет предлози се со коефициент од 2.45

Денешните пет предлози од Квотите на денот се исти ако се гледа коефициентот кој се нуди. Сите пет понудени комбинации имаат коефициент од 2.45, па ако сите се одиграат заедно на еден тикет, вкупната квота изнесува дури 88.27.

Њупорт е домаќин на Бренфорд и гостите се фаворити на овој дуел, но треба да има погодоци во двете мрежи. Понудената игра е Т22+&ГГ.

Фулам и Тотенхем ќе играат во дербито на првото коло од Лига купот на Англија. И тука играта е за гостите да постигнуваат погодоци. Тотенхем треба да даде барем еден гол во прво полувреме, а на крајот да има најмалку два погодоци во мрежата на Фулам.

Панатинаикос и Брага играат во плејофот од Лигата на шампионите и предлогот е да се игра на голови, а комбинацијата е ГГ&1+I&1+II.

Јанг бојс е фаворит за триумф над Макаби Хаифа и освен победа на домаќините, треба да има барем еден гол во првото полувреме за да биде добитна оваа квота од 2.45.

Галатасарај не би требало да има многу проблеми во реваншот против Молде. Турскиот гигант треба да постигне најмалку по еден погодок во двете полувремиња за добитна комбинација во предлогот од Квотите на денот.

- Оглас -

Најнови вести