Филип Арсеновски е херојот на Тинекс Пролет на гостувањето против Мулти Есенс, бидејќи благодаремие на неговиот гол од центарот на игралиштето во последната секунда, му донесе победа на својот тим од минимални 32-31.
Победничко деби на клупата на Т. Пролет имаше новиот тренер Александар Јовиќ.
Домаќините погодија со цепелин за 31-31 на 7 секунди до крајот, но нивниот гол беше празен, па Арсеновски со погодок од половина терен во последната секунда донесе огромна победа на Тинекс Пролет. Арсеновски беше најефикасен во таборот на Тинекс Пролет со осум гола.