Турскиот кошаркарски репрезентативец Џеди Осман кој е роден во Охрид, вечерва во финалето на Евробаскетот остана без златото, и се закити со сребрен медал, а има еден неверојатен податок кој покажува каков играч е, ги одигра сите 40 минути од финалето со Германија.
Во модерната кошарка ретко се случува некој да не добие ни една секунда одмор, пренапорно е да се издржи тоа, а камоли во едно големо финале во кое Турците се бореа да испишат историја и првпат да станат европски прваци.
Селекторот Ергин Атаман има апсолутна доверба во Осман и воопшто не го извади од игра, а тој му одговори со придонес од 23 поени (погоди 6 тројки од 9 обиди) и пет скока.