11.8 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

Ова ретко се случува во Португалија, во исто коло не победија Порто, Бенфика ни Спортинг

Вчера во португалското првенство се случи нешто необично, не успеа да победи ниту еден од трите најдобри тимови Порто, Бенфика и Спортинг Лисабон.

Додуша Порто и Бенфика играа меѓу себе, средбата заврши нерешено без голови, па двата тима останаа непоразени по осум кола.

Тој резултат му одговараше на Спортинг, но Лавовите од Лисабон дома против Брага одиграа само 1-1, и тоа гостите изедначија од пенал во 97-мата минута. Така Спортинг не успеа да се доближи на минус еден бод зад лидерот Порто, туку остана втор со три бода помалку од Порто, а еден плус во однос на градскиот ривал Бенфика, кој ни со Жозе Мурињо на клупата нема некој голем напредок во однос на претходно. 

- Оглас -

Најнови вести