Меѓу 50-те најталентирани фудбалери родени од 2003 до 2006, на петто место е Словенец

Порталот „Вондер кидс“ направи рангирање на 50-те најдобри фудбалери на светот родени од 2003 до 2006 година, тоа се таленти кои во иднина треба да бидат големи ѕвезди, а на листата нема македонски играчи.

На прво место е рангиран Англичанецот Џад Белингам од Борусија Дортмунд. Се шпекулира дека во 2023 година, Белингам ќе се пресели во Реал Мадрид или Ливерпул.

Второто и третото место ги држат Германци: Џамал Мусиала од Баерн Минхен и Флоријан Вирц од Баер Леверкузен. Потоа на четврта позиција следува Гави од Барселона, а петти, можеби за многумина изненадувачки, се наоѓа Словенецот Бенјамин Шешко кој е член на Ред Бул Салцбург.

На листата има и други познати имиња, петти е Шерки од Лион, шести е Мукоко од Дортмунд, седми е Елиот од Ливерпул. Од Јужноамериканците, на листата високо котира (9 место) Маркос Леонардо од Сантош, Кајки од Манчестер сити е 22-ти, Ендрик од Палмеирас е 24-ти, а Гарначо од Манчестер јунајтед е 26-ти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести