Ова се чекаше со месеци: Мбапе пристигна во Мадрид!

Денеска беше потврдено дека Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд во следната сезона ќе се пресели и ќе го носи дресот на Манчестер сити, а попладнево се случи уште еден бум на трансфер-пазарот.

Шпанските медиуми објавија дека Килијан Мбапе пристигнал во Мадрид, а тоа значи само едно, дека францускиот репрезентативец е многу блиску до комплетирање на договорот со Реал Мадрид.

Најавите се дека во текот на оваа недела ќе бидат финалните преговори околу усогласување на договорите од двете страни. Мбапе има договор со Пари Сен Жермен кој му истекува на крајот од месецот и како слободен играч ќе може да потпише за кој било клуб. Тој клуб ќе биде Реал Мадрид.

Со ова, во еден де, двете најголеми млади ѕвезди најавија дека во новата сезона ќе имаат нов клуб. Халанд во Манчестер сити, а Мбапе во Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести