Ова се четворицата што загинаа заедно со газдата на Лестер

Освен тајландскиот милијардер Вишај Шриваданапраба, кој е сопственик на фудбалскиот клуб Лестер, во хеликоптерската несреќа во саботата вечерта загинаа и неговите пријатели Кавепорн Пунпаре и Нурсара Сукнамаи, како и пилотот Ерик Свафер со партнерката Изабела Роза Лехович.

Пилотот Свафер имал 20-годишно искуство на управување со приватни авиони и хеликоптери, тој летал со многу познати личности и членови на кралското семејство, па се верува дека дал сè од себе да ја спречи трагедијата. Свафер имал 53 години, а неговата девојка Изабела имала 46 и тој секаде ја носел со себе. Лехович, која е од Полска и исто така била пилот, во 1997 година се преселила во Велика Британија.

Нурсара Сукхамаи имала 33 години и таа е најмладата загината. Прво се шпекулираше дека станува збор за ќерка на Вишај, но не е така. Таа му била пријателка на сопственикот, во 2005 година добила награда за фотогеничност на изборот за Мис универс на Тајланд. На нејзините профили на социјалните мрежи може да се видат слики од соблекувалната на Лестер со ѕвездите како Варди и Шмајхел. Тајланѓанецот Пунпаре му бил десна рака на Вишај, за него нема многу информации, само се знае дека прекарот му бил „голф“.

Вишај имаше 60 години и четири деца, а клубот Лестер го купи во 2010 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести