Ова се граничи со лудост – Дете од 13 години дебитираше за американски второлигаш

Аксел Кеи дебитираше на возраст од 13 години и 9 месеци за американскиот фудбалски второлигаш Реал Монархс против Колоради спрингс и е еден од најмладите играчи што настапил на професионален меч.

Кеи е голем талент и влезе во игра во 61. минута за домаќините, но сепак е премлад и неговиот настап предизвика различни коментари.

Аксел стана најмладиот спортист што настапил во професионална лига во било кој спорт во Северна Америка. Сепак Кеи не е и најмладиот фудбалер што одиграл професионален меч.

Боливиецот Маурисио Балдивиесо играше за Аурора меч во боливиската лига во 2009 година на возраст од 12 години и 362 дена што се уште е светски рекорд.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести