Ова се највисоките плати во Премиер лигата: Манчестер сити очекувано на врвот (Фото)

Францускиот весник „Лекип“ ги откри платите на фудбалерите и тренерите во англиската Премиер лигата, па направи ранг-листа со оние кои заработуваат најмногу.

Ерлинг Халанд од Манчестер сити ја има најголемата плата помеѓу фудбалерите. Норвежанецот заработува 2,57 милиони евра месечно, а веднаш зад него е неговиот соиграч Кевин де Бројне со плата од 2.06 милиони евра. Следуваат Каземиро од Манчестер јунајтед и Мохамед Салах од Ливерпул со по 1,8 милиони евра, додека на петтата позиција е Маркус Рашфорд, кој е позајмен од Јунајтед во Астон вила со плата од 1,67 милиони евра.

Кај тренерите, сосема очекувано, на првото место е Пеп Гвардиола, втор е Микел Артета од Арсенал, додека, изненадувачки, Дејвид Мојс од Евертон е на високото трето место.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести