Ова се немаше видено досега, Оклахома го прегази Мемфис со 51 поен разлика!

Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, Оклахома Сити тандер, на фуриозен начин почна во плејофот, со 131-80 го растури Мемфис гризлис за водство од 1-0 во оваа серија.

Овие 51 поен разлика се најубедливата победа во историјата на првите мечеви во една серија во НБА плејофот.

Шај Гилџиус Александер постигна само 15 поени, што покажува дека Тандер до оваа неверојатна победа дојде со тимска игра и придонес на сите.

- Оглас -

Најнови вести