Ова се претвора во вистинска војна: Ѓоковиќ не може да се шета низ цел свет, мислејќи дека е над сите правила

Дилемата дали Новак Ѓоковиќ ќе добие дозвола за влез во Австралија или не ќе биде до понеделник, кога треба да се одлучува по жалбата на тенисерот, кој засега не доби дозвола за влез во „земјата на кенгурите“.

Австралиските власти го сместија Ѓоковиќ во карантин и неколку дена нема да смее да излезе од собата. Причина што Србинот не доби дозвола за влез во земјата е тоа што тој не е вакциниран, а иако Новак веруваше дека има „зелено светло“ за влез со специјален документ, се испостави дека австралиските власти не го пуштаат да влезе.

Од вчера започна драмата на Ѓоковиќ и тоа дали ќе може да влезе во Автралија и да игра на Гренд слем турнирот во Мелбурн или ќе биде депортиран. Додека семејството на Новак организираше протести во Белград, а татко му Срѓан потенцираше дека неговиот син го држат како во затвор без да има што да облече.

Додека семејството на Новак се жали, заменик премиерот на Австралија, Барнаби Џоjс, упати нови жестоки критики на сметка на најдобриот тенисер во светот.

„Ако не го пополнил формуларот како што треба, тогаш мисли дека може да се шегувасо суверениот капацитет на една земја. Сто отсто некој направил грешка, а доколку не ја кажал вистината, тогаш личностакоја ја направила грешката е господин Ѓоковиќ. Не може да се шетате по светот, мислејќи дека сте над правилата на другите земји и тоа само затоа што сте богати“, изјави Џојс и дополнително ја подгреа тензичната атмосфера пред почетокот на првиот Гренд слем турнир за 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести