Ова што се случи во Шангај не беше видено досега, титулата ја освои анонимниот Валентен Вашеро од Монако кој беше 204-ти на АТП листата, со што испиша историја како најниско рангиран тенисер што освоил турнир од Мастерс 1000 серијата.
Вашеро кој во полуфиналето приреди чудо против Новак Ѓоковиќ, во финалето го совлада својот братучед Артур Риндеркнех со 4-6, 6-3, 6-3, и освои огрмен број на поени кои ќе го качат неверојатни 164 места на АТП листата. Од утре, Вашеро ќе виде 40-ти на ранг листата на најдобри светски тенисери.
Тој е прв тенисер од Монако што освоил Мастерс.
За триумфот во најголемиот кинески град, Вашеро ќе заработи над 1 милион долари, што е двојно повеќе од неговата досегашна вкупна заработка од турнири во целата тениска кариера.
На церемонијата после мечот, роднините седеа заедно, нешто што не е видено досега, но тие сакаа да покажат колку се блиски и дека крвта е поважна од ривалството на терен.