Баер Леверкузен со 2:1 го победи Баерн Минхен во дербито на 25. коло во Бундеслигата. Почетокот на мечот не навестуваше ваков финиш, затоа што Баерн поведе со голот на Кимих во 22 минута, што беше доволно за германскиот првак да води на полувреме. Овој погодок може да го видите ТУКА.
Во вториот дел Баер Леверкузен не само што не се предаде туку домаќините тргнаа во напад и успеаа да направат целосен пресврт. Интересно е дека двата погодоци на Баер беа постигнати од пенал.
Паласиос најпрво беше прецизен од белата точка во 55 минута за 1:1, а аргентинскиот интернационалец и по втор пат беше прецизен од 11 метри и тоа во 73 минута.
По овој пораз, Баерн Минхне остана на 52 бода и падна на второто место на табелата зад Борусија Дортмунд, додека Баер Леверкузен сега има 40 бодови.