Најсилната кошаркарска лига во светот, популарната НБА има посебна вечер. Од 1 часот по полноќ, па до 4:30 часот на распоред се дури 15 мечеви, што значи дека на паркетот ќе се појават сите 30 екипи кои се дел од лигата.
Неколку мечеви може да се означат како сигурици, па се очекува Голден стејт дома да нема проблеми против Сакраменто, како и Далас пред своите навивачи да слави над Бруклин. Мајами хит не смее да киксне против Портланд, додека Минесота е во улога на фаворит против Њујорк.
Милвоки бакс е единствениот тим со перфектен биланс и вечерва ќе оди на 10 од 10, и тоа на гостувањето кај Атланта. На гости со фаворитската улога е и Бостон против Мемфис, како и Њу Ореланс кај Индијана.
Освен 15-те дуели, тука е и понудата за поени на кошаркари. Голем е бројот на играчи на кои може да одиграте „плус-минус“ поени и едноставно ова е една од оние вечери кога кошаркарските експерти ќе уживаат.