Францускиот фудбалски клуб Рен сака да се покаже како добар домаќин, па објави дека за навивачите на Милан ќе обезбеди повеќе од 1.000 палачинки.
Со очекува неколку стотини фанови на Росонерите да отпатуваат во Рен, а за секој од нив пред почетокот на мечот ќе има бесплатно по една палачинка.
Палачинките се специјалитет во областа Бретања, тоа се посебен вид палачинки карактеристични за Бретања, посебно во Рен, со традиција која трае од 19 век.
Рен објави и водич за движење низ градот и други важни информации на италијански јазик, со што исто така сака на Миланезите да им овозможи да се чувствуваат добредојдени.