Сами себеси се победија: Добија црвен картон, направија пенал и си дадоа автогол

Стивен Џерард не издржа ниту една година на кормилото на Астон вила. Легендата на Ливерпул на 11 ноември минатата година беше промовиран за менаџер на екипата од Бирмингам, а синоќа доби отказ.

Поразот на гостувањето кај Фулам со 3:0 беше последната „капка која ја прели чашата“, па Џерард доби отказ. Астон вила освои само девет бодови од 11 меча и е на 17-тото место, со исто бодови колку што има и Вулверхемптон, кој е во зоната за испаѓање.

По одиграното на теренот на „Крејвен котиџ“, Астон вила како сама да се победи. Фулам водеше со 1:0 на полувреме, а потоа во вториот дел гостите од Бирмингам направија нешто што никогаш не им се случило на меч во Премиер лигата. За помалку од 30 минути успеаја да заработат исклучување (црвен картон за Даглас Луиз), направија пенал кој Фулам го реализира преку Митровиќ, а на крајот Астон вила си постигна и автогол, а стрелец беше Мингс.

- Оглас -

Најнови вести