Ова се заработките на играчите кои настапија на Супербоулот

Играчите на Кансас сити го одбранија трофејот во американската НФЛ-лига откако по продолженија го совладаа Сан Франциско со 25-22 и со тоа станаа првата екипа која го одбранила тронот по 19 години.

Наградниот фонд за играчите беше 13,4 милиони долари, односно сите играчи на Кансас сити добија по 164.000 долари за победа, додека оние на поразената екипа по 89.000 долари.

Сепак, ова не е единствената премија која ја добија играчите на двете екипи. Тие заработија и за игрите во плејофот, па така освојувачите добија по 338.000 долари, додека поразените по 80.000 долари помалку.

- Оглас -

Најнови вести