Два гола во првите 4 минути од еден меч во Лигата на шампионите немало од септември 2005 година, но вечерва таа серија е завршена откако Челзи и Ајакс погодија по еднаш во толку рана фаза од средбата. Гостите поведоа, Челзи изедначи. Сега амстердамските Копјаници погодија уште еднаш, па тие што прогнозирале дека ќе има барем три гола, веќе по 20 минути може да заокружат.
Салцбург води со 1-0 на гостувањето кај Наполи. Стрелец е Халанд, кој има 7 гола само на четири меча во кариерата во ЛШ. Младиот норвешки голгетер гази, а за споредба, својот седми гол во ЛШ, Меси го даде по 18, а Кристијано Роналдо по 33 меча. Халанд е и најмлад играч кој дал гол на секој од првите четири меча во кариерата. Кај Наполи, Елиф Елмас е на клупата за резерви.