Предноста од 4-0 која ја има по првите 45 минути на гостувањето кај Спортинг во Лисабон го прави Манчестер сити прв тим во историјата кој имал ваква предност како гостин на еден нокаут-меч.
Досега не е видено гостински тим да води со четири гола разлика на елиминациски дуел (осминафинале, четвртфинале или полуфинале) од ЛШ.
Ријад Марез ја отвори гол-серијата, ја продолжија Бернардо Силва, Фил Фоден и повторно Силва, па практично патникот во четвртфиналето е одлучен уште по едно полувреме. Португалскиот првак е немоќен против англискиот шампион и прашање е само како ќе заврши оваа голеада.