Ова што му го прават на Гризман не е хумано, но има причина зошто на секој меч влегува баш во 63-та минута

Францускиот напаѓач Антоан Гризман е еден од подобрите играчи на Атлетико Мадрид, но на секој натпревар сезонава е резерва, и никогаш не влегува во игра пред 60-та минута.

Поточно, на сите мечеви од шпанската лига влегува на терен точно во 63-та минута, а половина час играше и во ЛШ против Порто.

Зошто баш 63-та? Во договорот на Барселона и Атлетико, стои дека Гризи е на двегодишна позајмица, но по истекот на позајмицата, тој треба да потпише договор со Јорганџиите за 40 милиони евра. Но, клубот од Мадрид не сака Гризман да биде нивен член, и договорот со Барса го заобиколува со една клаузула дека Атлетико не мора да го откупи Французинот, доколку тој игра помалку од 30 минути на мечевите.

Целата работа се сели во суд, од Барса сметаат дека Атлетико мора да им плати 40 милиони, бидејќи Гризман во првата сезона играше над 30 минути.

- Оглас -

Најнови вести