Ова што се случува со пеналите на Барселона не е видено во историјата на ЛШ

Барселона синоќа стана првиот тим во историјата на Лигата на шампионите кој на сите први пет натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите извел барем еден пенал. Ваква пеналџиска серија немал никој.

Во првото коло Лионел Меси реализираше удар од белата точка против Ференцварош, потоа против Јувентус исто така Меси погоди од 11 метри, следуваше пеналот против Динамо Киев и погодок на Меси. На последните два меча, Меси не играше, но пенали за Барса имаше и тие беа претворени во голови. Против Динамо во Киев гол од пенал даде Мартин Брајтвајт, а синоќа против Ференцварош пеналот успешно го изведе Усман Дембеле.

Во последното шесто коло, Барса игра дома со Јувентус. Ако не се случи нешто непредвидено, тоа ќе биде пресметка на Меси и Кристијано Роналдо и нема да биде чудно ако повторно се досудат пенали. Доколку има пенал за Барса, тоа ќе биде рекорд (на секој меч од групната фаза да шутнале барем по еден пенал) кој нема да може никогаш да биде урнат, туку само изедначен.

- Оглас -

Најнови вести