Ова што УЕФА го наумила за квалификациите за ЕП 2028 не е баш фер

На 10 октомври УЕФА треба да одлучи каде ќе се игра Европското првенство за фудбалери во 2028 година, а со оглед на тоа дека по повлекувањето на Турција, има само една кандидатура, јасно е дека ЕВРО 2028 ќе се игра во Велика Британија, поточно во Англија, Република Ирска, Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Според британски медиуми, во најава е нов систем на квалификации, кој нема да им се допадне на многумина, па ни на домаќините. Сите пет земји домаќини ќе мора да играат квалификации, нешто што досега не беше пракса. На пример ЕП 2024 ќе се игра во Германија, а Германците не учествуваат во квалификациите.

Но, една од опциите кои се спомнуваат е дека УЕФА ќе зачува две резервни места за земјите домаќини кои нема да обезбедат пласман на ЕП 2028 преку квалификациите. Тоа значи дека може да се случи две репрезентации кои ќе обезбедат место на ЕП да извисат и своите места да им ги препуштат на две селекции од домаќините кои нема да обезбедат учество на ЕП преку квалификациите.

- Оглас -

Најнови вести