37.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Ова треба да е ден за домаќините

1321 Сарагоса – Мирандес (21 ч.)

Сарагоса е во опасната зона и на свој терен мора да освојува бодови. Гостите не се под голем притисок што треба да им биде предност. Солидни одбрани ги краси двата тима и главната цел им е да го сочуваат својот гол. Сарагоса на седум од последните 10 меча игра 0-2 гола, а и кога ќе се види традицијата на меѓусебни меча на овие два тима, се очекува да нема многу возбудувања.

На 10 од последните 13 меѓусебни средби, мечевите завршувале со 0-2 гола, а во останатите три едвај имало три погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2  (1.84)

 

1818 Фортуна Дизелдорф – Бохум (20:30 ч.)

Ова е дерби во втората Бундес лига. Двата тима се во трка за местата кои водат во елитното друштво. Бохум е тимот со нанјмногу победи (15) и најмалку нерешени во лигата (само три). Фортуна е тим кој дома игра одлично и има биланс од осум победи, три реми и само еден пораз.

Во есенскиот дел од сезоната, Бохум дома победи со 5:0, но секако тоа не е вистинската слика на разлика во двата тима, кои играат офанзивно и без многу калкулации и треба да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)

 

1602 Бастија – Кретил (20:45 ч.)

Бастија не знае за пораз во 2021 година и има 10 меча во кои шест пати победи и четири пати одигра нерешено. Од друга страна, Кретил е во криза и има седум порази во последните девет натпревари. Тоа што е интересно за меѓусебните средби е дека на шест од последните седум дуели имало 2-3 гола.

Ако се гледаат последните 10 меѓусебни меча, дури седум пати било гол-гол, односно двата тима барем по еднаш да погодат.

Предлог тип: 1 (1.70) – Супер тип во Sport Life

 

1649 Камбур – Ајндховен (20 ч.)

Камбур е тим кој од следната година треба да игра во елитното првенство на Холандија. Домаќините се лидери во втората лига, а фактот дека немаат пораз во последните девет меча им дава за право да бидат фаворити. Ајндховен во 2021 година има осум порази три реми и ниту една победа.

Пред само два месеци играа на теренот на Ајндховен, а Камбур победи убедливо со 5:2. И сега се очекува лесна победа на фаворитот.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.30) – Квота на денот

 

1830 Минхен 1860 – Динамо Дрезден (19 ч.)

Дуел на двете најефикасни екипи во третата лига во Германија. Динамо Дрезден е лидер со 58 бода, но и најдобар тим на гости. Минхен 1860 има дадено 50 гола сезонава, само еден помалку од нивниот денешен ривал.

Фактот дека играат офанзивно, но и дека традицијата вели дека на пет од последните шест средби било ГГ3+, може да очекуваме и сега да има повеќе погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.35)

- Оглас -

Најнови вести