По појавувањето на пандемијата со Коронавирусот, спортот неколку месеци беше во прекин. Откако помина почетниот страв поради непознатиот смртоносен вирус, започнаа да се организираат протоколи по кои се играат сите спортски натпревари.
Најчесто се игра пред празни трибини, а сите играчи пред мечот мора да имаат негативен тест за Коронавирус. Сепак за некои и тоа не е доволно. Во Шпанија е одигран првиот ракометен натпревар на кој сите играчи на теренот носеа маски на лицето.
Адемар Леон со 31:23 славеше против Синфина, а сите ракометари и на теренот имаа маски. Тоа е така поради тоа што во покраината Леон била донесена таква одлука. Иако се плашат од вирусот, на овој меч во салата имаше присуство на публика и тоа околу 700 гледачи.
🤦🏻♂️🤦🏻♂️🤦🏻♂️ pic.twitter.com/bIGCOIjQaJ
— Casper U. Mortensen (@CMortensen6) October 10, 2020