Црвена ѕвезда и Фиорентина во моментов играат контролен натпревар во Белград, а иако првото полувреме уште не е завршено, резултатот е неверојатни 5-0 за српскиот првак.
Петте гола паднаа во периодот од 8-ма до 27-ма минута, а во 34-та минута Црвено-белите утнаа една голема шанса.
Пред почетокот на мечот, со аплаузи беше поздравен некогашниот играч на Ѕвезда, Лука Јовиќ кој сега е член на италијанскиот тим, но Јовиќ и соиграчите се тотално немоќни.