Во уплатно место на Sport Life во Гостивар, во саботата попладне се вложени 100 денари во тикет кој испадна добитен и има бруто-добивка од над 70.000 денари.
Овој обложувач има своја тактика како до добивка и кај сите четири пара на тикетот го играл истото, прогнозирал дека ќе има три или повеќе голови во прво полувреме, игра за која квотите се доста големи.
Гостиварецот најмногу мака имал со мечот игран во Шкотска, каде што на дуелот Сент Мирен – Селтик третиот погодок падна дури во првата минута од судиското продолжение, кога беше досуден пенал за гостите, и Селтик со тој гол во самиот финиш на првиот дел поведе со 2-1.
Последен за чекање му бил мечот на ПСЖ со Лил, а Светците беа фуриозни, покажаа сила и ефикасност, дадоа четири гола во прво полувреме. Третиот гол падна уште во 28-мата минута и стана јасно дека овој интересен тикет ќе биде добитен.